Литература.мк отвора нов продажен простор
Литература.мк денеска ќе отвори нова книжарница, на вториот кат од трговскиот центар Скопје сити мол.
Тоа е четврти специјализиран продажен сервис на Литература.мк, по интернет-продавницата www.literatura.mk и по книжарниците на улицата „Македонија“ и во ТЦ „Рамстор“ во Скопје.
По повод отворањето, Литература.мк најави 30 отсто попуст на сите изданија, како и изненадувања за купувачите во новото продажно место.
- Литература.мк продолжува да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за целото семејство. Во понудата се познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Застапени се голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици, соопшти Литература.мк.
Книжарницата ќе работи како и Скопје сити мол, секој ден од 10 до 22 часот.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор
-
По вчерашното невреме: Се поплави „8ми Септември“ - Затворени операционите сали
-
Позната е новата цена на струјата
-
Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС
-
100 години „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“
-
Левица со кривична пријава против Африм Гаши, поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери
-
Брнабиќ: Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог
-
Приведени двајца кумановци поради кражба