-->
-->
Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-->
Литија по улиците во центарот на Скопје ќе се одржи на 20 септември во пресрет на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица - заштитничката на градот Скопје.
Претходно во 17 часот ќе биде биде одржана вечерна богослужба во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.
Утредента, на 21 септември, утрената богослужба ќе почне во 7:30 часот, а светата Литургија во 9 часот.
Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица - заштитничката на градот Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден