Литургии по повод Велигден во сите православни храмови низ државата
Во сите православни храмови во земјава утрово се одржуваат воскресенски литургии по повод најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде од утринава има голем број верници, со литургијата чиноначалствува поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан.
Воскресението Христово беше објавено на полноќ со биење на камбаните во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија.
Годинава, за првпат директно од Ерусалим беше донесен и светиот Благодатниот оган од Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим.
Благодатниот оган, во фенер, на скопскиот аеродром го изнесе делегатот на Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА, митрополитот Тетовски-гостиварски, г. Јосиф по што од него свеќи запалија присутните претставници на владината и на црковната делегација, кои ја пречекаа делегацијата од Ерусалим.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање