-->
-->
Ливерпул нуди 30 милиони евра за Бразилецот Луан Виеира
-->
Англискиот премиер лигаш Ливерпул му понуди на бразилскиот тим Гремио 30 милиони евра за напаѓачот Луан Гилерме де Жезус Виеира, пренесуваат англиските медиуми.
Од редовите на Гремиот потврдија дека преговорите со Ливерпул за трансфер на младиот напаѓач кои многумина го слетаат за наследник на легендарниот Роналдињо се во тек, но засега бразилската екипа нема добиено официјална понуда.
Луан кој има 24 години, а со Гремио има актуелен договор за уште една сезона, кој не планира да го продолжи пишуваат медиумите на островот.
Луан кариерата ја започна во четвртолигашот Танаби, а во Гремио дојде летото 2014 година каде досега има одиграно 176 натпревари на кои постигна 43 голови, од кои сезонава на 16 натпревари има постигнато 6 голови.
Тој беше член на неколку младински репрезентации на Бразил, но иако го споредуваат со неговиот легендарен сонародник Роналдињо, сепак Луан Виеира за најдобрата селекција на „Кариоките“ досега има забележано само еден настап.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа