Љубовна приказна на годината: Бракот меѓу полицаецот Боби и мигрантката Нура од Ирак

За повеќе странски медиуми, минатогодишната љубов крунисна со брак меѓу полицаецот од Куманово Боби Додевски и мигрантката од Ирак Нура Аркавази е љубовна приказна за 2016 година.
Првата средба меѓу нив не изгледала како увод во романса. Таа, Ирачанка, меѓу толпа мигранти на граничниот премин Табановце, се обидувала да влезе во Србија , тој, припадник на строгите македонски безбедносни сили, се обидувал да воспостави ред…
Љубов ги спои мигрантката и полицаецот, ја раскажуваат медиумите оваа неверојатна македонско-ирачка љубовна приказна.
Боби се потсетува на тој дождлив ден кога првпат ја видел Нура, додека бил на должност сосема случајно во тоа време, заменувајќи го својот колега.
Нура пак, кога првпат го видела Боби имала висока температура , но се што ја интересирало било дали нејзиното семејство ќе успее да ја помине границата и да го продолжат патот кон Германија. Тоа беше периодот кога балканските земји почнаа да ги затвораат границите.
Останатите полицајци ја упатиле да разговара со Боби, бидејќи само тој го зборувал добро англискиот јазик, а тој веднаш се погрижил таа и нејзината мајка да добијат соодветна медицинска нега и заштита.
На Боби ова му е трет брак, но на новинараите на АФП им раскажал дека кога првпат ја видел Нура , го привлекле нејзините очи во кои видел искрена добрина.
Нура е млада и има 20 години, а Боби 35. Тие живеат во Куманово, а нејзиното семејство кое избегало од провинцијата Дијала во Ирак пред налетот на борците на Исламска држава кои го киднапирале нејзиниот татко и барале илјадници долари отштета , кои тие ги немале, се обидува да го продолжи својот живот во Германија.
Нуира вели дека не сонувала ваква судбина дека ќе остане во Македонија, но засега таа со Боби ќе живее во Куманово и не знае дали ќе им се придружат на останатите членови од семејството кои веќе се пристигнати во Германија.
Ново на Сител
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
