Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија
Министерот за правда Кренар Лога присуствуваше на седницата на Уставниот суд на која се расправаше за Упатството со кое како задолжителна се утврдува графата за националност во изводите на родени, на венчани и на умрени.
„Ме радува оваа иницијатива, но изненаден сум од фактот што Уставниот суд досега не покренал постапка и за други подзаконски акти кај кои не се почитува уставниот рок за објавување во Службен весник. Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија. Најавувам дека во иднина јас лично ќе поднесувам иницијативи до судот за непочитување на уставните рокови. Вината не е во Министерството туку во Секретаријатот за законодавство во рамките на Владата,” изјави Лога.
Министерот за правда најави дека ќе се подготви нов пречистен текст на Упатството и ќе го достави до секретаријатот за законодавство за објавувување во Службен весник.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
