Лога: Во Министерство за правда се уште не е пристигнат Записникот од седницата за разрешувањето на Дамева
Министерот за правда Кренар Лога изјави дека се уште не го добиле Записникот од седницата на Судскиот совет, која се одржа на 26 април, на која беше разрешена претседателката на Советот, Весна Дамева.
-Денеска проверивме пред да дојдеме овде дека такви записници не се пуштени кај нас, немаме никаква информација освен тоа што вие го имате дадено како медиуми. Другиот дел останува нејасен, бидејќи не е објавена никаква одлука во Службен весник. Така што не би сакал да навлегувам во оваа проблематика додека немам на хартија тоа што веќе го имам побарано како министер за правда, рече Лога на новинарско прашање по конститутивната седница на Работната група за реформа на изборното закондавство.
Судскиот совет вчера втор пат ја одложи седницата на која требаше да гласа за избор на нов претседател, при тоа не беше наведената причината за одложување. Доскорешната претседателка Весна Дамева беше разрешена на седницата на 26 април, во тензична атмосфера и според мислење на експерти, во незаконска постапка. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, предлог кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?