-->
-->
ЛОИ ракомет (ж): Финале Русија-Франција
-->
Ракометарките на Русија ставија крај на доминацијата на Норвежанките на олимпијадите откако во драматичното полуфинале победија по продолженијата со 38-37. Русинките за златниот медал ќе се борат со Французинките кои ја совладаа Холандија со 24-23.
Норвешка нема да го брани златото, кое го освојуваше на последните две олимпијади, на женскиот ракометерн турнир, откако во „луд“ натпревар загуби од Русија 37-38. Русинките го диктираа ритамот, беа подобри, но Хајди Локе не им дозволи да ја завршат работата во регуларното време.
Локе погоди за израмнување на резултатот 31-31 на пет секунди до крајот на мечот.
Во продолженијата, двете селекции одиграа ефикасно, а последниот гол го постигна Илина од седмерец на 30 секунди до крајот. Последниот напад на Норвешка не го реализира новата ракометарка на Вардар, Камила Херем.
Бобровниковна со осум и Дмитриева со седум голови ја предводеа Русија, додека Нора Морк со 14 голови беше најефикасна кај Норвешка.
Франција во второто полуфинале минимално ја победи Холандија 24-23 иако до последните десет минути имаше константна предност од четири гола.
Упорните Холанѓанки во финишот неколку пати дојдоа на гол негатива, но не и да израмнат. Тие го имаа и последниот напад на мечот но ударот на Грот во последните секунди заврши во дирекот.
Франција ја предводеше екс ракометарката на Вардар Пино со седум голови, а новата вардарка Лакрабер постигна гол помалку. Вардаровата голманка Лејно имаше девет успешни интервенции.
Холандија ја предводеа Ван дер Хејден со осум голови и голманката Вислер со 14 интервенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза