-->
-->
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-->
Локализиран е пожарот што денеска попладне избувна во близина на туристичката населба Абланица во Берово. Во гаснењето учествуваа екипи на ТППЕ Берово, кои спречија пожарот да ги зафати блиските кампови во близина на населбата.
Во пожарот, што според првични информации од надлежните, настанал од запалена сува трева, спречено е опожарување на два помошни објекти- плевни.
Локацијата на пожарот е кај месноста викана Макароновите плевни во населбата Абланица.
Од ТППЕ Берово апелираат до населението да не се пали оган на отворено поради присуство на големи наслаги од трева и силен ветар кои многу бргу можат да предизвикаат пожар од поголеми размери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници