Локализиран пожарот меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште
Утрово во 7:30 часот е локализиран шумскиот пожар во кој гореше нискостеблеста деградирана и дабова шума на планината Лисец, меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште. Се уште чади во високиот дел од планината на карпите и засега нема опасност по шумата, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според нив, штетата по шумскиот фонд треба да ја утврдат екипи на Шумското стопанство „Бабуна“, кое стопанисува со шумата. Шумарите, еколозите и љубителите на природата и планината потенцираат дека штетата направена по животната средина е непроценлива.
Овој шумски пожар беше пријавен во Регионалниот центар за управување со кризи во Велес во саботата попладне, во 17:50 часот, а во негово гаснење вчера беа вклучени најпрво екипи на ШС „Бабуна“ од Велес, а потоа и екипа од вработени во Општина Чашка.
Ново на Сител
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев