Лондон прифати преговорите за Брегзит да се одвиваат во две фази

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис се согласи со барањето на Унијата преговорите на истапување на Велика Британија од ЕУ да се водат во две фази.
Согласно договореното, во првата фаза ќе се преговара околу постигнувањето договор за условите за излез на Велика Британија од Унијата, а дури потоа, во втората фаза, ќе се разговара за идните британско-европски односи и за можен договор за слободна трговија.
Станува збор за прва отстапака што ја направи британската влада на стартот на преговорите за Брегзит, затоа што уште од по референдумското изјаснување на мнозинство Британци за излез од ЕУ, официјален Лондон бараше преговорите за „раздружување“ да се водат паралелно со разговорите за трговски договор.
Дејвис и шефот на преговарачкиот тим на ЕУ, Мишел Барние, по првата рунда од двегодишниот преговарачки процес, синоќа одржаа заедничка прес конференција на која изразија увереност за постигнувањето договор.
Британскиот министер одби да прифати дека е направена отстапка и уверуваше дека она што е договорено со Барние било и британска позиција, но дека тој верува во успешното завршување на преговорите.
Барние, кој е поранешен француски министер за надворешни работи и еврокомесар, повтори дека ЕУ „нема намера да работи против Велика Британија“ и дека определбата да се успее треба да биде посилна од чувството за оптимизам или песимизам за крајниот исход, што ќе се појавува во текот на преговорачкиот процес.
Шефовите на двата преговарачки тима објавија дека дискусиите ќе се водат во три позиции - за правата на државјаните на ЕУ во Велика Британија и на Британците во Унијата, за британските финансиски обврски и за сите други прашања кои се врзани за „разводот“ меѓу Лондон и Брисел.
Постигната е согласност, преговорите околу границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска, чие евентуално повторно воспоставување по Брегзит предизвикува вознемиренист во Даблин и во Белфаст, да се водат одвоено.
Барние потврди дека определувањето на приоритетните прашања помага за градењето доверба врз основа која ќе се водат преговори за новите односи меѓу ЕУ и Велика Британија.
Дејвис и Барние се договориле да се среќаваат по една недела во текот на секој месец за водење преговорите, додека во меѓувреме двете страни ќе работат на предлозите што едната ќе и ги понуди на другата.
Следната рунда преговори е закажана за 17 јули.
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
