Ловчански митрополит Гаврил: На македонската црква треба да и помогнеме мудро
На Македонската православна црква треба да и помогнеме мудро, без повторно да влеземе во раскол. Ова го изјави Ловчанскиот митрополит Гаврил, кој беше гостин на Велики петок на бугарската приватна телевизија БТВ.
- Ние можеме да се заложиме да биде отфрлен расколот од Македонската црква. Сами ние не можеме да го тргнеме расколот бидејќи тоа нема да биде признато. Од тоа нема да има смисла бидејќи и ние ќе влеземе во раскол и никогаш нема да можеме да им помогнеме. Ние сме биле 70 години во раскол, а тие се 50 години, рече Ловчанскиот митрополит Гаврил.
Западно и Средноевропскиот митрополит Антониј пак за Бугарското национално радио изјави дека преговорите за признавање на македонската црква од Бугарската патријаршија се уште се во почетна фаза.
- Мислам дека ова е почеток на добар дијалог - со честичката од благодатниот оган, смета митрополитот Антониј.
Најмладиот бугарски митрополит истакнал дека Неговото Високопреосвештенство определило да се донесе честичка од Благодатниот оган од Ерусалим во Бугарија, кој ќе биде пренесен во целата земја и во Македонија.
Митрополитот посочил дека досега Македонската православна црква го земала огнот од грчката и оти првпат оваа година ќе го добие од Бугарската православна црква.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка