Ловџии повторно печеле колбаси и предизвикале пожар во Тиквешко

Ловџии повторно како и пред неколку дена, предизвикале пожар во Тиквешко, откако не го изгаснале добро огинот на кој печеле колбаси.
Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата на Македонски шуми во Кавадарци потврди дека несовесни ловџии повторно предизвикале пожар.
- Се сомневаме во ловџии бидејќи во ова време на годината тие најмногу може да се сретнат во делот каде што е настанат пожарот. Се работи за месноста Галишки ливади, меѓу селата Ќесендре и Галиште, рече тој.
Според него, огромен дим бил забележан уште во неделата попладне околу 13.30 часот. Екипа од 15 луѓе на подружницата вчера ги гаснела пламените јазици до 17 часот попладне кога пожарот бил локализиран, но сепак и денес работниците биле на терен за да извршат увид во состојбата на терен.
- Пожарот избувнал во високостеблеста букова шума.Зафатил поголема површина од околу 10 хектари. За среќа изгоре само горниот дел од веќе паднатите лисја во шумата. Сепак направена е материјална штета во работењето на претпријатието бидејќи при гаснењето се неопходни финансиски средства за движење на возила и за дневници на работниците кои работат на гаснењето на пожарот, изјави Ристовски.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
