Фудбал
3. May 2016 - 23:30

ЛШ: Атлетико е првиот финалист

Фудбалерите на Атлетико Мадрид изборија пласман во финалето, во Лигата на шампионите во сезоната 2015/2016. Атлетико по минималниот триумф во првиот меч (1:0), во Минхен загуби 2:1, но оди во финалето благодарение на голот постигнат на гостински терен.

 

Голот вреден финале го постигна Гризман, кој во 54.минута, по асистенцијата на Торес, истрча во контронапад и рутински го совлада Нојер. Гризман е вистински херој на „јорганџиите“, тој во претходната рунда со два гола ја елиминира Барселона.

Мечот во Минхен имаше очекуван тек, Атлетико му ја остави топката на противникот, постави двоен бедем пред голот на Облак, а својата шанса ја чекаше од контранапад.

Левандовски имаше чиста шанса во 20.минута, но Облак одбрани. Нападите на Баверците продолжија, а во 31.минута Чаби Алонсо го постигна првиот гол на мечот. Шпанецот изведе слободен удар од 18 метри, топката на патот кон голот го закачи Хименез и заврши во мрежата на Облак. Голот на Алонсо беше прв кој Облак го прими по 633 минути.

Три минути подоцна се случи клучниот момент на натпреварот, Хименез долго го влечеше Хави Мартинез во својот шеснаесетник, а судијата Чакир покажа пенал.

Милер ја изведе најстрогата казна, но Облак го прочита и успеа да одбрани.

До крајот на полувремето имаше неколку возбудувања пред шеснаесетникот на Атлетико, но без конкретна закана кон голот на Облак.

Во второто полувреме со влегувањето во игра на Караско, Атлетико успеа да воспостави некаква рамнотежа во играта, иако Баерн доминираше во поседот на топка.

Во 54.минута, Атлетико од првата вистинска шанса на мечот ја шокираше 70-илјадната публика и своите противници на теренот.

По израмнувачкиот гол, Баерн започна да напаѓа безидејно, онака како што му одговараше на Атлетико, чија одбрана лесно ги одбиваше нападите.

Надеж дека може до финалето на Баерн му донесе Левандовски во 74.минута, кога погди од непосредна близина за 2:1.

Десет минути по голот на Левандовски, Tорес пропушти можност да му овозможи на Атлетико непоразен да замине од Минхен.

Акција креираа Караско и торес, напаѓачот на Атлетико тргна кон голот на Баерн, кога се подготвуваше да влесе во шеснаесетникот на противникот Мартинезе стартуваше, а Чакир повторно покажа пенал.

Торес ја зеде топката и шутираше идентично како и Милер, а Нојер го одбрани неговиот удар.

До крајот Баерн упати неколку удари кон голот на Атлетико, а најблиску до гол беше Алаба, по чии удар топката се одби од Томас Парти, но Облак успеа да одбрани.

Атлетико, во финалето на 28.мај во Милано, за својата првата титула во Лигата на шампионите, ќе игра против победникот од второто полуфинале во кое играат Реал и Манчестер Сити.