-->
-->
ЛШ: Лестер и Јувентус во четвртфиналето
-->

Екипите на Лестер и на Јувентус се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако вечерва во реванш дуелите постигнаа победи против Севиља односно Порто.
Лестер направи успех откако ја надополни негативата од првиот дуел(1-2) со Севиља и на домашен терен победија со 2-0 и со вкупни 3-2 го елиминираа ланскиот победник на Лига Европа. Стрелци на головите беа Вес Морган во 27.минута и Албрајтон во 54.минута.
Севиља дуелот го заврши со 10 играчи откако беше исклучен Насри, а во 78.минута гостите не реализираа пенал. Ударот на Нзонзи, Шмајхел го одбрани.
На дуелот во Торино Јувентус го победи Порто со 1-0 и со вкупни 3-0 го елиминира тимот од Португалија.Стрелец на голот беше Дибала во 42.минута од пенал.
Пласман во четвртфиналето имаат обезбедено: Баерн, Барселона, Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Лестер и Јувентус.
Утре се играат последните реванш дуели: Атлетико Мадрид - Баер Леверкузен (4-2) и Монако - Манчестер Сити (3-5).
Извлекувањето на двојките за 1/4 финалето ќе се одржи на 17.март (петок) во Нион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
