ЛШ: Вардар против Рајн Некар во мечот на колото

По трите победи на почетокот од новата сезона на Лигата на шампионите, ЕХФ реши нашиот натпревар од групата против Рајн Некар да го прогласи за меч на колото. Двете екипи на првите две места во групата. Вардар има стопостотен учинок, а Рајн Некар еден пораз. Германците се стари познаници за „црвено-црните" во Лигата на шампионите. Ова ќе биде наша деветта средба во ЛШ.
Досега на пет средби победувал Вардар, една завршила со реми а давапати триумфирале Германците. Во Скопје од четири натпревари, на три триумфирал Вардар. Единствено во 2016 година Рајн Некар победи, откако ние истата сезона триумфиравме на гостински терен.
Сезонава Германците имаат две победи, двете на домашен терен, против Барселона (35-34) и Мешков (33-27), а загубија од Кјелце во Полска (32-35).
„Во сабота играме против одлична екипа составена од многу квалитетни ракометари . Знаеме дека ќе биде тешко бидејќи имаат многу разни варијанти во играта. Ние сме фокусирани на средбата. Мораме да се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да дојдеме до нов добар резултат. Играат добро 6 на 6. Знаат да одиграат добро и 7 на 6 и се меѓу најдобрите во таа формација. Клучно за нас е да одиграме добро во одбраната, вели Роберто Парондо, тренерот на Вардар.
Во 12. сезона во групната фаза од Лигата на шампионите Вардар има 58 победи на 125 натпревари.
Сезонава проблемите со повредите постојано го мачат Вардар, но и со состав во кон секогаш некој отсуствува „црвено-црните" имаат три победи. За средбата со Рајн Некар се очекува да играат и Вуко Борозан и Рожерио Мораеш, кои одмораа на средбата од СЕХА лигата со Војводина.,
Сериозно се подготвува Стојанче Стоилов кој по повредата на дланката и скршеницата веќе тренира.
„Стоилов работи. Невозможно е да игра овој викенд, но следната сабота против Кјелце би можеле да го имаме. Тој сака да се врати што е можно побрзо, вели Парондо.
Она што тренерот ќе го замисли н атерен ќе треба да го спроведат играчите. Досега тоа им оди одлично.
„ Рајн Некар ни е познат противник. Знаеме што не очекува, но во исто време не знаеме со каква игра ќе дојдат против нас. Секој натпревар го играме со 120 проценти мотивација. Со поддршка од нашите навивачи ќе се обидеме да дојдеме до уште една победа во Лигата на шампионите", изјави Дибиров.
Билетите за натпреварот Вардар - Рајн Некар се пуштени во продажба, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и преку www.ticketplus.mk.
Ново на Сител
-

Приведени тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно
-

Промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па до мај реконструкција на Владата и смени во дел од државните институции, најави Мицкоски
-

Алиу го презентира напредокот на националниот систем за трансплантација и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравството
-

Сиљановска Давкова: Родово одговорното буџетирање овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства
-

Кривична за 24-годишна девојка, управувала возило со 126 километри на час на место каде е ограничено 50
-

Приведени двајца крадци од Куманово, на сила одзеле делови од автобус
-

Приведен 30-годишник од Неготино кој му се заканувал на својот татко
