ЛШ: Во баражот може да падне и неатрактивен противник

УЕФА ги објави можните противници на Шкендија во баражот за Лигата на шампионите доколку македонскиот претставник во 3. Квалификациско коло биде подобар од австрискиот гигант Салцбург.
Шампионот на Македонија досега успеа да мине две квалификациски кола. Елиминирани се велшкиот ТНС и молдавскиот Шериф.
Следниот противник е со далеку поголем рејтинг и голем фаворит во дуелот со Шкендија, тоа е австрискиот Салцбург кој редовно е во групите во Лигата на шампионите или Лига Европа.
Првиот меч тетовчани го играат во Салцбург на 8. Август а реваншот е на 14-ти во Скопје.
Интересно е што доколку Шкендија направи подвиг ќе биде во групата носители пред бараж мечот за влез во лигата на шампионите и можни противници се швајцарскиот Јанг Бојс потоа победникот од двомечот Карабах- БАТЕ Борисов односно Малме Видеотон.
Секако најатрактивен противник би била белградска Црвена Звезда која за противник во следното квалификациско коло го има тимот на Спартак Трнава.
Да потсетиме дека елиминација во оваа рунда значи настап во баражот за влез во групната фаза од Лига Европа каде минатата сезона Вардар го елиминира турскиот гигант Фенербахче и го постигна најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал.
Ново на Сител
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
