ЛШ во ракомет: Очекуван пораз на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Кил
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе 12. пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостински терен од лидерот во групата А, Кил, со 29-23 (19-10) во рамки на 12 коло.
Германскиот претставник уште од самиот почеток на дуелот тргна максимално мотивирано против последно пласираниот тим во групата и по воведните 10. минути Кил имаше предност од високи 10-4.
Кил во неколку наврати во текот на натпреварот доаѓаше и до двоцифрена предност, последен пат на стартот на вториот дел од 22-12.
Од тој момент уследи серија на Еурофарм Пелистер од пет голови за подобрување на крајниот впечаток и поднослив пораз со шест голови разлика против големиот фаворит.
Богдан Радивојевиќ со шест голови беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер, а голманот Урбан Лесјак запиша 12 интервенции.
Македонскиот првак на 28. овој месец во Битола го пречекува Алборг, а настапот во Лигата на шампиони ќе го заврши со гостување кај Колштад на 6 март.
Кил води на табелата во групата А со 18 бодови, додека Еурофарм Пелистер е на последното место без освоен бод.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари