-->
-->
ЛШ - жени: ЖРК Вардар со +14 против Ларвик
-->
– Женскиот ракометен шампион на Македонија ЖРК Вардар постигна убедлива победа во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите попладнево во СЦ „Јане Сандански“ беше совладан норвешкиот првак Ларвик со 14 голови разлика – 34:20 (16:9). Со оваа убедлива победа „вардарки“ се многу блиску до пласман на завршниот турнир во Будимпешта.
ЖРК Вардар одлично го почна натпреварот и по 2:1 нашиот тим имаше серија од 11:0 за водство од 12:1 во 17.минута. Во тој дел од натпреварот одлична на голот беше Амадин Лејно. Во продолжението на првиот дел норвешкиот тим успеа да го намали водството.
Во вториот дел ракометарките на Вардар ја одржуваа предноста, а по тајм аутот кон средината на полувремето почнаа и да ја зголемуваат предноста и највисоката разлика ја имаа во претпоследната минута кога беше 33:19 (+14).
Андреа Пенезиќ со 8 голови беше најефикасна, додека Барбара Лазовиќ постигна 6 голови. Одлична на голот на ЖРК Вардар беше Лејно со 19 одбрани. На другите денешни натпревари фаворитите победија на гости: Баја Маре – Будуќност 24:29 и ФТЦ – Ѓер 18:31. Во четвртокот Букурешт – Ростов Дон 26:25.
Реванш натпреварите се играат на 9 и на 10.април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип