-->
-->
ЛШ:ПСЖ и Ливерпул изборија четвртфинале
-->

Пари Сен-Жермен и Ливерпул се приклучија на Порто и Борусија Дортмунд во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако ја сочуваа предноста од гостинските победи во првите мечеви во реваншите.
На „Паркот на принцовите“, Барселона се наоѓаше пред „невозможна“ мисија да се врати по домашниот 1:4 пораз од ПСЖ, и по возбудливото прво полувреме, на крајот не успеа и одигра само 1:1. На „Енфилд“ пак, продолжи „сушата“ на голови на Ливерпул во првото полувреме, пред во второто Мохамед Салах и Садио Мане да постигнат голови за 2:0 победа над РБ Лајпциг, идентичка како таа на гости.Во Париз, домаќините дојдоа во водство во 31. минута од мечот, кога беше досуден еден „мек“ пенал за нив, а Килијан Мбапе го постигна својот четврти гол против Каталонците за камбекот на Барса да изгледа недостижен. Лео Меси само седум минути подоцна покажа каков фудбалер е, постигнувајќи спектакуларен гол од огромна далечина, но во финишот на полувремето имаше шанса да донесе водство со гол од пенал, но неговиот удар од рацете на Кејлор Навас удри во пречката и излезе од голот. Барса имаа дури 16 удари во првото полувреме, нешто што им успева првпат од јануари 2019.
Во второто полувреме, Барса не го заддржа високото темпо на игра, нешто што им одговараше на ПСЖ, кои го продолжуваат походот кон толку посакуваната европска титула. За Каталонците, сега со нов претседател, а можеби и со нов тренер и без Меси, останува следната година.
Ливерпул, по лошата низа од шест домашни порази во Премиер лигата, ја скрши „клетвата“ против РБ Лајпциг, кои не беа доволно храбри да тргнат во офанзива од стартот на „Енфилд“. Во првото полувреме, Салах, Мане и Диого Жота имаа одлични шанси, за конечно во 70. минута, Салах да добие одлична топка од Жота и да донесе водство за „црвените“. Само четири минути подоцна, Мане ја тргна цела неизвесност од мечот за 2:0.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Пари Сен-Жермен – Барселона 1:1, прв меч 4:1, вкупно 5:2
Ливерпул – РБ Лајпциг 2:0, прв меч 2:0, вкупно 4:0
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
-

Облачно со услови за утринска магла
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
