-->
-->
Луис Ван Гал: Четвртото место сега е реално
-->

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал смета дека неговата екипа има големи шанси да го освои четвртото место во Премиер лигата, а со тоа и да обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона.
По победата над градскиот ривал Манчестер Сити со 1:0 на дуелот одигран вчера, екипата на Манчестер Јунајтед сега е на шестото место на табелата со 50 бодови, и има само еден помалку од Сити кој е четврто рангиран.
- Беше многу тешко. Доколку одигравме нерешено или загубевме, заостанувањето ќе беше многу големо. Сега, целата работа е во наши раце, мора да победуваме. Распоредот е на наша страна. Имаме повеќе натпревари на домешен терен отколку на гости, а на „Олд Трафорд“ тешко губиме бодови. Мислам дека имаме големи шанси за место кое не води во Лигата на шампиони, изјави Ван Гал за британската телевизија Би-Би-Си.
Популарните „црвени ѓаволи“ до крајот на сезоната во Премиер лигата, имаат поволен распоред, па од осумте дури пет натпревари ќе ги играат на домашен и тоа против: Евертон, Астон Вила, Кристал Палас, Лестер и Бормунд во последното коло. Покрај тешките гостувања во Лондон кај Тотенхем и вест Хем во претпоследната рунда ќе гостуваат и кај Норвич Сити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
