Лукаревска: ДПМНЕ се кочничари на државата, тоа е нотирано во Извештајот на ЕК
Кога ДПМНЕ беше власт „Заробена држава“ ни беше името во Извештај на Европската комисија а последниот Извштај негативните оценки во добар дел се донесуваат на нив како кочничари на реформите, рече денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Резултати што прават разлика“ во Струмица.
-Не така одамна, „Заробена држава“ ни беше името во еден Извештај на Европската комисија. Тогаш кога ВМРО ДПМНЕ беше власт, кога се шепотеше, кога се молчеше за платите, за пензиите, за сите неправди. Граѓаните со страв и сила беа замолкнувани. Тоа важно е да не се заборави, зашто волкот не станува јагне. Последниот Извештај на Европската комисија, еден добар дел од негативните оценки, се однесува на нив како сегашни или поранешни кочничари на реформите и креатори на политиката на одалечување од ЕУ. ДПМНЕ се кочничари на државата, рече Лукаревска.
Уставните измени, се важен предуслов на нашиот европски пат а ДПМНЕ ги кочат, со лажен патриотизам ја кочат државата за повторно да ја заробат, додаде таа.
-Како што лажеа, па се свестија дека лажат дека ќе го укинат Преспанскиот договор ако пак ја дофателе власта. Ама нема да ја дофатат зашто во нивни раце зборот власт има друго значење, потенцираше Лукаревска.
Зборувајќи за наводите на Европската комисија во Извештајот Лукаревска рече дека е искрен и правичен, дека на нотираните слабости мора да се работи, реформите да продолжат.-Знаеме кои домашни работи треба да ги завршиме, како што знаеме и дека како ќе напредуваме кон ЕУ, така извештаите ќе бидат поискрени. Ние сме во скрининг-процесот и низ преговарачкиот процес , низ поглавјата, секако дека реформите ќе мора да бидат спроведени и да се постигнат европските стандарди. Затоа е битно членството во ЕУ, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Резултати што прават разлика“ денеска во Струмица.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци во детски играчки, алармира ДЗР
-

АХВ: Се повлекуваат серии Аптамил формули за доенчиња, граѓаните кои ги купиле да ги уништат или вратат
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Курти
-

Велешката полиција лиши од слобода двајца возачи, поради управување со активна забрана им ги одзела возилата
-

Домашната градежна оператива лани со намалена работа во странство
-

Каматната стапка на благајничките записи останува 4 проценти
-

Во Штип минатиот месец во три наврати се заловувани кучиња скитници, граѓаните може да пријавуваат во Општината
-

Откако констатирала смрт, екипа на Итна помош добила закани на Бит Пазар
