Лукаревска: Ги развиваме сите населени места, таму се нашите домови, а кај ти е домот таму ти е најубаво
Заменик-претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска од Врапиште порача дека коалицијата предводена од СДСМ ја има најдобрата понуда затоа што со неа се создаваат еднакви можности за сите граѓани.
– И градовите и селата треба да се развиваат рамномерно, таму се нашите домови, а кај што ти е домот таму ти е најубаво. Им служиме на граѓаните, ги слушаме и им нудиме решенија. Со поддршка на Владата инвестираме во рехабилитација на патна инфраструктура, опремување на градинки во три населени места во Врапчиште, Неготино и Добридол за вкупно 180 деца . Работиме посветено за подобар живот за сите, истакна Лукаревска.
Посочи дека за младите нудат поддршка на иницијативи за отворање на сопствени бизниси, а имаат и поддршка на младите земјоделци и жените претприемачи.
Општината, рече Лукаревска, ќе се развива по мерка на граѓаните. Најави подобри услови за спорт и рекреација, вклучување на младите во донесувањето на одлуките во општината, чистење на каналите за наводнување, затворање на дивите депонии и пошумување на голите површини.
Ново на Сител
-
Зошто тешко се гасат пожарите во новите згради? Критериумите за противпожарна заштита се застарени
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР
-
„ДИГИТМАК“: Нов центар за поддршка на дигиталната подготвеност на бизнисите
-
Поништен огласот за претседател на судот во Кавадарци, Нанев немал право на трет мандат
-
Tекстилството останува без кадар, со ниски плати и непочитување на работничките права
-
Нова енергетска криза – Македонија нема да остане изолирана
-
Пожар во подрум на десеткатница во Чаир, затруени со чад повеќе од 40 лица
-
Иран го нападна Израел