Лукман потпиша за Атлетико Мадрид

Досегашниот фудбалер на калчолигашот Аталанта, Адемола Лукман, е нов напаѓач на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, објави денеска италијанскиот клуб.
Лукман го напушти клубот од Бергамо по три и пол сезони, во кои кои одигра 137 натпревари и со Аталанта го освои трофејот во Лига Европа, во сезоната 2023/2024. Лукман во финалето против Баер Леверкузен (3-0) ги постигна сите три голови.
Италијанскиот клуб не ги објави финансиските детали од договорот, а британските медиуми објавија дека трансферот на 28-годишниот нигериски репрезентативец вреди 35 милиони евра.
Лукман е роден во Англија и кариерата ја почна во лондонски Чарлтон, по што настапуваше за Евертон, Лајпциг, Фулам и Лестер.
Во младинските категории го носеше дресот на Англија, а дебитираше за сениорската репрезентација на Нигерија во 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра, покачувањето ќе им ги затвори бизнисите
-

Нова индустриска зона на влезот од Штип
-

Поради честите осцилации на Охридското Езеро рибите ни бегаат во Албанија, велат екологистите
-

Преглед на вестите од светот
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
