Лукровски прогласи победа: Денеска не победувам јас, победува Карпош

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош Сотир Лукроски на својот Фејсбук профил прогласи победа во вториот круг на Локалните избори.
- Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат.
Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. Оние што секој ден ме запираа на улица и велеа: „Сотир, време е да се смени нешто!“, напиша Лукровски на Фејсбук.
Гледавме, додава тој, како Карпош се бетонизира, како зеленилото исчезнува, како улиците стануваат депонии, а луѓето неми сведоци на неправда.
-Тоа беше реалноста. Но, вечерва, таа реалност завршува. Вечерва започнуваме ново поглавје. Време на ред, визија и работа.
Време кога општината ќе биде сервис за граѓаните, а не алатка за лични интереси. Време кога ќе се слуша секој глас и ќе се гледа секое дело. Нашата програма не е список на ветувања, туку договор со граѓаните. Ќе ја дигитализираме општината.
Ќе ги реконструираме фасадите и лифтовите, вели Лукровски.
Најави нови паркинг места, повеќе зелени зони, а Карпош, како што вели, ќе стане пример за современ, урбан и достоинствен живот.
- Ова не е победа на една партија, ова е победа на сите луѓе што сакаат промени. На тимот, на волонтерите, на младите и на постарите што веруваа. Благодарам што бевте со мене во секој чекор од овој пат. Јас ќе бидам секој ден со вас на улиците, во маалата, кај проблемите, со решенија. Вечерва не славиме крај, туку нов почеток. Почеток на Карпош што повторно дише со народот. Да живее Карпош. Да живее Македонија, напиша Лукровски на својот фејсбук профил.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
