М-НАВ и ИКАО ја унапредуваат соработката за добивање компетентни воздухопловно-технички професионалци

Унапредување на соработката во формирање на компетентни и квалификувани воздухопловно-технички професионалци, како услов за ефикасно функционирање на системот за управување со воздушниот сообраќај била тема на средбата на Климент Чепуњоски, член на УО на Македонската навигација (М-НАВ АД Скопје) и Извршен директор на воздухопловна техника со претседателот на Советот на Меѓународната оганизација за цивилно воздухопловство-ИКАО, Олимујива Алиу.
Како што информираа од М-НАВ, на средбата која се одржала вчера во седиштето на ИКАО во Монтреал, Чепујноски констатирал дека се неопходни континуирани тренинзи и освежувања на знаењата на воздухопловно-техничкиот персонал во услови на постојано усовршување и се поголема употреба на уреди и системи кои обезбедуваат сигурен воздушен сообраќај.
- Потребно е да се изгради функционален систем што ќе овозможи покревање и усовршување на знаењето, како и проверка на компетентноста на воздухопловно - техничкиот персонал, согласно регулативите на ИКАО. Како член на УО на Македонска навигација (М-НАВ АД), со Алиу разговарав за условите што треба да ги исполни М-НАВ во делот на стандарди и практики на тренинг, со цел лиценците на нашите воздухопловни техничари да бидат меѓународно признати, изјави Чепуњоски.
Според него, воздухопловно - техничкиот персонал, меѓународно познат како ATSEP, треба да обезбеди опремата и системите да се во исправна и стабилна состојба за да се гарантира точноста на информациите од овие системи, кои пилотите ги користат директно, но и индиректно преку услугата која ја дава секторот за воздухопловна навигација во М-НАВ, во чиј состав се контролорите на летање, колегите од ФИО, АИС, МЕТЕО, ЦОЛ и други.
На средбата од ИКАО била ветена поддршка на М-НАВ во градењето капацитети за следната генерација воздухопловно-технички професионалци, во рамките на „No Country Left Behind initiative“, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
