Мачката се чувствува најсигурно каде што седел нејзиниот сопственик

Иако постои општоприфатено верување дека мачките се надмени, суетни, себични – тоа, се чини, е далеку од вистината. Можеби едно од најчесто поставуваните прашања е: Зошто му го крадат местото на седење на својот сопственик, откако тој/таа ќе стане?
Не станува збор за топлината…
Ветеринарот Марк Вест од Ветеринарната клиника во Вестернпорт, Викторија, Автралија, објаснува дека мачките, всушност, покажуваат љубов со тоа што „го крадат“ местото на сопственикот на креветот, столчето, фотељата, во спалната соба. Тој нагласува дека тоа е силна емоционална врска. Според тоа, за мачката, местото каде што сопственикот седи или спие, е дел од нејзината безбедна област. Затоа, кога ќе одлучи да седне токму таму, тоа е знак дека се чувствува поврзана со лицето на кое му припаѓа тоа место.
– Кога Вашата мачка Ве гледа, таа не гледа некого што ја храни, туку – својот безбеден простор. Својата територија. За Вашата мачка, тоа не е само место за седење, тоа е Вашето место. Кога таа го избира (тоа место), таа Ве избира Вас!, појасни ветеринарот.
На овој начин, навидум безопасниот гест на мачката добива ново значење: Тоа е израз на доверба, наклонетост и сигурност што миленичето ги наоѓа во близина на својот сопственик.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
