Магла до 50 метри на планинските премини Буково и Пресека
Магла до 50 метри има на планинските премини Буково и Пресека поради што видливоста е намалена, информира ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни без забрани и ограничувања за сообраќај. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.
-Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Со целокупната расположлива механизација и работна сила сме вклучени во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме за навремено справување со снежните наноси, наведува претпријатието.
Ново на Сител
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната
-
Кривична пријава за Германец, фатен со дрога на граничен премин
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат