Македонија
1. March 2023 - 8:11

Магла на Ѓавато и на патниот правец Тетово-Попова Шапка

Намалена видливост поради магла утринава има на планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Тетово-Попова Шапка. 

Авто мото сојузот на Македонија информира дека видливоста на Ѓавато е до 50 метри, а на патниот правец Тетово-Попова Шапка од 60 до 70 метри. 

Поради минирање за изградба на експресниот пат А2, делница Длабочица - Чатал денеска од 13 до 16 часот ќе има прекин на сообраќајот на потегот од село Ветуница до мостот на река Блидеш.