Магла по котлините, попладне дожд

Во Македонија претпладне по котлините ќе има /магла, а во попладневните часови, најпрво во западните делови, ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и во другите делови. На планините во северозападните делови врнежите ќе поминуваат во снег.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен. Температурата ќе се движи од седум до 16 степени.
В понеделник преку денот ќе биде претежно облачно, студено, ветровито и со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер. На планините и повисоките места ќе се формира снежна покривка. Дневната температура ќе биде релативно ниска и ќе се движи во интервал од три до девет степени.
И во вторник ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Во источните делови претпладне ќе има повремен слаб снег. Дневната температура ќе се движи од два до осум степени.
Времето в среда ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Дневната температура ќе се движи од пет до 11 степени.
Ново на Сител
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
