Мајка монструм: Отишла кај љубовникот и ги оставила децата да умираат од глад

Владислава Подчапко (20) ги оставила сами своите деца и заминала кај љубовникот. По 6 дена, нејзиниот 23-месечен син умрел од глад. Во полиција рекла дека не знаела дека децата можат да умрат од глад и дека можела да се случи ваква трагедија.
Мајката децата ги оставила само во својот стан во Киев, Украина, а потоа 9 дена поминала кај својот љубовник. Во станот останало детенцето и неговата двегодишна сестра.
Малечкиот Данил по 6 дена починал од глад, а неговата сестра Ана наредните три дена ги поминала сама во станот покрај телото на мртвото братче.

Кога конечно го пронашле девојчето било во многу лоша состојба и итно е префрлена во олница. За среќа лекарите успеале да и го спасат животот.
-Девојчето е исцрпено и многу слабо, велат лекарите.
По бројните инфузии, девојчето е во стабилна состојба и ќе преживее. Подчапко, за која се верува дека е бремена со трето дете, рекла во полиција дека не знаела дека можат да умрат.
Таа веднаш е притворена и и се заканува затворска казна од осум години поради злоставување на децата.
Медиумите пишуваат дека децата биле преплашени и збунети и дека се обидувале да побегнат од станот. Ја тегнеле влезната врата, но таа била заклучена.
Соседите ги слушнале децата како плачат, па дури и повикале полиција, но тие не сакале да интервенираат.
Се претпоставува дека децата се пронајдени дури откако мајката се вратила. Социјлната служба ќе одлучи за судбината на девојчето кое имало среќа да ја преживее оваа неверојатна голгота.
Ново на Сител
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
-

Со тешки повреди на главата заврши 16 годишник по тепачката меѓу навивачките групи Фемили Аеродром и Работнички
