Мајка што протестирала против вакцини во Кина повеќе од еден месец во затвор
Кинеска активистка за строги инспекции на вакцини е уапсена пред повеќе од еден месец, изјави денеска нејзиниот сопруг, откако таа учествувала во протест поради погрешни вакцини.
Според полициските документи што на интернет ги објави Ли Ксин, неговата сопруга Хе Фангмеи поради „кривично дело“ е спроведена во затворскиот центар Ксинџијанг во централниот дел на кинеската провинција Хенан.
Ли (33), изјави дека на неговата ќерка и била дијагностицирана невролошка болест по добивањето вакцина против хепатит А, мали сипаници и други болести. Тој и неговата сопруга учествувале во протест против погрешни вакцини во Пекинг во почетокот на март.
Подоцна таа била притворена од локалната полиција во провинцијата Хенан на 5 март и обвинета за „предизвикување проблеми” – широко распространета квалификација за прекршок што кинеските власти често ја користат за апсење активисти.
Кина редовно е погодена од скандали со токсична храна, лекови и други производи, и покрај ветување од страна на владата за решавање на проблемот, јавуваат западни медиуми.
Фармацевтската фирма одговорна за вакцините, компанијата !Чангчунг Чангшенг Биотехнологија“, беше казнета во октомври со запленување имот и парично во висина од 9,1 милијарди јуани (1,36 милијарди долари).
Во февруари кинеско антикорупциско тело соопшти дека казнило повеќе од 80 лица поврзани со скандалот со вакцините против беснило.
Ново на Сител
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип