-->
-->
Mајката на Блаженка завиена во црно: Двегодишниот Марко ја довикува мртвата мајка
-->
Весна Наход, мајката на Блаженка која загина во страшна сообраќајка во Србија, со солзи во очите раскажува за нејзиното мало внуче кое ја довикува мртвата мајка.
- Ќерката ми се јави и ми кажа каде е. Тоа беше нашиот последен разговор. Веќе никогаш нема да и го чујам гласот, вели 51-годишната мајка која е завиена во црно.
Тажна и потиштена од загубата, таа собра сили и за српскот Курир си ја отвори душата: -Како мала остана без татко за време на војната. Многу бевме поврзани. Беше многу среќна само што се врати од пат. Сепак, имав лошо претчувство, вели таа.
Блаженка сега најмногу се грижи за двегодишниот вник Марко кој остана без родител.
- Како да му кажам дека мајка му повеќе ја нема. Тоа е мало дете, нема да разбере, ќе биде скршено. Постојано ја довикува. Прашува кога ќе дојде мама дома бидејќи му недостасува. Не сакам да биде тука кога ќе ја закопуваме.
Инаку, погребот е денеска во 13 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?