Македонците консумираат најмалку месо во Европа
Македонија, Албанија, Турција и Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо. Според мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Македонците, Албанците, Турците и жителите на Молдавија годишно консумираат по 39 килограми месо.
Од земјите во регионот, најголема потрошувачка на месо има во Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.
Шпанија е на прво место во Европа со 99 килограми месо по жител. Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.
Податоците на „Landgeist“ за потрошувачката не месо не ги вклучуваат рибата и морските плодови.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто