Македонците во Брисел го чествуваа Божик

Во организација на македонската православна црковна општина „Св. Илија – Св. Архангел Михаил“ од Брисел, синоќа во бриселската „Капела за Европа“ беше одржана Божиќна литургија.
Со Литургијата богослужеше отец Димче Ставревски од црквата „Свети Павле“ од германскиот град Трир, кој беше назначен од Европската Епархија на МПЦ-ОА за активностите на Црквата во Белгија за чествување на празниците.
По богослужбата, присутните верници имаа можност и да се причестат со Светите Христови тајни, а беше поделена и света вода и беа осветени колачи и панагии.
Во просториите на Капелата беше организирана и прослава во духот на заедништвото, љубовта и почитта кон празничната традиција. Присутните уживаа во домашно приготвена божиќна трпеза, македонско вино, ракија и македонска песна.
Традиционално, помеѓу присутните беше поделена погача со паричка која се падна во рацете на семејството Блажевски од Брисел кои, ќе бидат новите кумови за 2026 година, а за најмладите беа поделени бадникови пакетчиња.
Настаните организирани од страна МПЦО „Св. Илија – Св. Архангел Михаил“ во рамките на македонското здружение „Македониум“ од Брисел, се важен чекор во зајакнувањето на духовниот и културниот живот на македонската заедница во Белгија. Од крајот минатото полугодие, формиран е црковен хор кој ги оплеменува литургиските чествувања, а веќе од февруари 2026 година, здружението најави одржување на детски работилници и училиште по македонски јазик. Овие активности се поддржани од страна на македонската Агенција за иселеништво преку донација на книги, како и од приватна белгиска компанија која своите простории ќе ги отстапи за нивна реализација.
По повеќегодишна пауза, со голема поддршка од страна на нашата Амбасада во Брисел, кон крајот на 2022 година, црковната општина беше повторно активирана од страна на нов црковен одбор. Од тогаш наваму, МПЦО „Св. Пророк Илија и Архангел Михаил“ – Брисел претставува значајно духовно средиште на Македонците во Белгија, обединувајќи ги во заедништво за најголемите христијански празници и прераснувајќи во место каде што се негува македонската православна христијанска вера, македонската јазик, култура и традиција и се пренесува на идните генерации.
Црковната општина функционира во рамките на македонското друштво „Македониум“ од Брисел, имајќи го предвид фактот дека согласно важечката локална законска регулатива, регистрацијата на религиозна организација е овозможена единствено со претходно одобрение на Цариграската патријаршија.
МИА
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
