Македонец кој се враќал од Швајцарија се обидел да пренесе 716 грама злато
Српските царински службеници на граничниот премин Батровци со Хрватска, спречија обид за шверц на 716 грама златен накит што македонски државајнин се обидел да го пренесе преку границата во својот багаж, јави дописникот на МИА од Белград.
Златниот накит бил откриен во саботата, на 21 февруари кога на влезот на граничниот премин Батровци меѓу Хрватска и Србија, пристигнало возилото „шкода октавиа“ ВРС, со швајцарски регистарски таблички, со кое четири лица патувале од Швајцарија кон Северна Македонија.
На јасно поставеното прашање на цариниците дали имаат што да пријават, па дури и на конкретното прашање дали со себе носат вредни предмети што треба да се пријават, сите патници одговорија дека со себе носат само личен багаж.
Сепак, деталниот преглед ги демантираше нивните тврдења, бидејќи по прегледот на багажот, во два куфери покрај личните работи, била спакувана и поголема количина златен накит, кој никој не го ни спомнал.
Станува збор за 716 грама разновиден накит, за кој како сопственик се пријавил патникот кој седел на задното седиште.
Во багажот на овој 47-годишен македонски државјанин, освен ланчиња, алки, обетки и прстени, имало и 39 дукати со вкупна тежина од над 135 грама.
Најмасивното индивидуално парче накит е нараквица тешка 85 грама обложена со дукати.
И покрај бројните апели и информации на веб-страницата на Царинската управа на Република Србија, како и на премините, дека мора да се пријават вредни предмети што патниците ги носат со себе, не се ретки случаи некои патници да ја избегнуваат оваа јасно пропишана обврска и со тоа свесно да ризикуваат истите привремено или трајно да им бидат одземени.
Заедно со овој случај, за само три дена (16, 17 и 19 февруари) на срспките гранични премини беа запленети над 4,2 килограми злато, скриени под патосници, под пазувите на патниците и сега во личен багаж.
Ново на Сител
-
Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем
-
Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го срозија животниот стандард на граѓаните
-
Папата Франциск хоспитализиран поради бронхитис
-
Отворен дежурен педијатриски пункт во поликлиниката Бит Пазар
-
Во Хрватска минатата година за 100 отсто е зголемен бројот на доброволци за служење воен рок
-
Казнети 809 возачи, 264 за погрешно паркирање, 232 за брзо возење, 56 возеле без возачка
-
Никола Груевски за Фросина и други потенцијални жртви, за Игор Југ и Зоран Заев