Македонец заработи кривична поради присвојување „ферари“
Кривична пријава е поднесена против Т.Ц.(25) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „затајување“.
- На 31-ви јули годинава пријавениот од компанија во Швајцарија на користење изнајмил патничко возило „Ферари“ со која склучил договор за изнајмување на возилото од 31 јули до 10 август годинава и според договорот возилото требало да го управува на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија, но спротивно на договорот пријавениот возилото не го вратил во определениот рок и со истото дошол во Република Македонија и покрај тоа што немал право да го управува на територијата на Република Македонија, информираат од МВР.
Со кривичното дело, како што велат од полицијата, пријавениот противправно за себе го присвоил возилото кое што му било доверено на користење, причинувајќи штета на компанијата од над 70.000 евра.
Ново на Сител
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди