-->
-->
Македонецот Калин во второто коло на Вимблдон
-->
Големата македонска тениска надеж Калин Ивановски се пласира во второто коло на јуниорскиот турнир на Вимблдон.
Македонецот одигра трилер меч против домашниот тенисер Лука Поу кој за овој настан доби вајлд карта и беше многу мотивиран истата да ја оправда пред публиката во Лондон. Британецот направи два брејка во првиот сет и истиот го доби со 6-3, па воден од таа енергија одличен беше и во вториот каде дојде до предност од 4-2 во гејмови.
Од тука почна будењето на нашиот Калин кој ги доби наредните четири гејма и го реализираше сетот со 6-4. Ивановски продолжи вака да игра и во завршната рунда во која двапати му го одзема сервисот на Поу и со 6-2 дојде до наредната фаза на престижниот турнир.
Таму ќе се сретне со подобриот од Родриго Пачеко Мендез (11 носител) и Алесио Басиле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи