Македонија 33-та во светот според индексот на економски слободи

Македонија е рангирана на 33. место во светот, а на 17. во Европа според индексот на економски слободи за 2019 година што го изработува Херитиџ фондацијата.
Во извештајот се наведува дека Македонија и натаму е макроекономски стабилна земја, а на домашните економски перформанси влијаела политичката криза. Како главни забелешка се посочуваат нивото на сивата економија што опфаќа меѓу 20 и 45 проценти од БДП, непродуктивните јавни трошоци, како и тоа дека постои законска рамка, но има слабост во имплементацијата. Потребни се и структурни реформи кои ќе се насочат на борбата против корупцијата и гломазната администрација.
Македонија е најдобро рангирана од земјите во регионот. По неа се Бугарија на 37, Косово 51, Албанија 52, Словенија 58, Србија 69, БиХ 83, Хрватска 86, Црна Гора 92 и Грција 106.
Земји со најголеми економски слободи се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија, а најлоши се Зимбабве, Конго, Еритреја, Куба, Венецуела и Северна Кореја.
Со извештајот на Херитиџ се опфатени 180 држави во светот.
Ново на Сител
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
