Македонија го активира системот за цивилна заштита на ЕУ за странска помош
Македонија го активираше системот на цивилна заштита на Европската унија со цел полесна координација на странската помош од државите членки што треба да следува во нарендите денови. Дополнително, и премиерот Мицкоски и министерот за надворешна политика и трговија Муцунски контактирале директно со челници од европските држави, но и со генералниот секретар на НАТО Руте,потоа со Ричард Гренел во име на администрацијата на претседателот на САД Трамп, како и со израелските власти.
Упатувам длабока и искрена благодарност до сите земји кои веднаш одговрија на апелите за помош. Солидарноста во исклучително тешки времиња е потврда за сојузноштвото и пријателството што нашата држава го има со голем број земји во светот... Министерството го активираше и механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, кој овозможува координација на помошта помеѓу сите земји членки. Во следните денови се очекува помош во форма на материјално-технички средства и стручна поддршка од медицински лица
Сочувство и потврда за активирнатиот систем за цивилна заштита, стигна и од Брисел.
Ева Хрнчирова, портпаролката на Европската комисија за социјални права “Би сакале да изразиме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до сите оние кои се погодени од трагичниот пожар во Кочани...Европската Унија ја покажува својата солидарност по вчерашниот трагичен пожар во Кочани и одговори на барањето на Северна Македонија за активирање на Механизмот за цивилна заштита. Ние веднаш реагиравме и понудивме да евакуираме пациенти со тешки изгореници. Девет европски земји – Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Луксембург, Унгарија и Норвешка, веднаш понудија помош, а би можела да следи и дополнителна помош
Во книгата на жалост отворена во МНР пак, сочувство изразуваа амбасадорите во земјава.
Не престануваат ни пораките за сочувство и помош од регионот. Во Црна гора денеска е ден на жалост. Утре пак, по знак на почити осчувство ден на жалост е прогласен утрешниот ден. Српскиот претседател Вучиќ попладне ќе ги посети и повредените од пожарот кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар во белград.
Утре ќе биде ден на жалост и во Бугарија каде исто така се лекуваат макеоднски пациенти.
„Тука нема политика, само сочувство, емпатија и солидарност…Подготвени сме да прифатиме повеќе луѓе. Тоа зависи од нашите колеги од Република Северна Македонија. Ние сме во постојан контакт. Нашата подготвеност е изразена“
Сочувство стигна и од Хрватска.
Тоа е навистина огромна трагедија. Сите информации што можевме да ги следиме вчера и денеска укажуваат дека ова е нешто без преседан за Северна Македонија и уште еднаш изразувам сочувство до семејствата на сите жртви, а на повредените им посакувам брзо закрепнување
Телеграма испрати и вселенскиот патријарх Вартоломеј. Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј ТЕЛОП „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во брзото закрепнување на здравјето на повредените“.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар