Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание

Република Македонија денеска одбележува 85 години од народното востание за ослободување на македонскиот народ и борбата против фашизмот кое почна во 1941 година во Прилеп и Куманово.
Празникот годинава ќе биде одбележан со свечена академија во Куманово и доделување на истоимената награда во законодавниот дом во Скопје.
Свечената академија по повод празникот ќе се одржи со почеток во 12 часот на Спомен костурницата во Куманово под слоганот „Идеали што градат иднина“ на која ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Во Скопје, во Собранието ќе бидат доделени годинашните награди „11 Октомври“. Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе му се додели на писателот проф. д-р Венко Андоновски.
За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на лигвистот проф. д-р Димитар Пандев, универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи и на проф. д-р Владо Поповски, доктор по историски, политички и правни науки.
По повод празникот ќе биде положено и цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, како и пред Спомен-костурницата во Куманово и спомениците на Методија Андонов - Ченто, Кузман Јосифовски - Питу и Могилата на непобедените во Прилеп.
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во 10:00 часот во Прилеп, ќе положи цвеќе на спомен обележјата "Методија Андонов-Ченто", "Кузман Јосифоски-Питу" и "Могила на непобедените", а по официјалниот дел Николоски ќе даде изјава за медиумите.
Денешниот ден, согласно Законот за празници, е прогласен за неработен ден во земјава.
На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.
11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.
Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.
Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, нашата држава денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува преговори за членство со Европската Унија.
МИА
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
