Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
Дванаесет членки на НАТО, меѓу кои и Северна Македонија, се договорија за понатамошно проширување на соработката за обука на воени пилоти во рамки на Иницијативата на Алијансата за обука за летање во Европа (НФТЕ).
Како што јави дописникот на МИА, со овој договор се предвидува обука на околу 50 идни пилоти на четири локации започнувајќи уште од оваа година, воспоставување на девет нови тренинг кампови, како и формирање на советодавно тело за одбранбената индустрија.
Целта на НФТЕ е да воведе фундаментални промени во начинот на обука на воздухопловните екипажи, вклучително и на пилоти на авиони и хеликоптери, со што не само што се зајакнува способноста на Воените воздухопловства на членките на Алијансата, туку се промовира и нивното единство.
По повод постигнувањето на договорот заменик генералниот секретар Мирчеа Џоана изјави дека единството не се случува само по себе, туку тоа треба да се одработи.
- Еден од начините да се постигне единство е преку заеднички систематски обуки и создавање на доверливи односи. НФЕТ е одличен пример за ова. Овој важен мултинационален напор ќе ни помогне кон заеднички пристап за обука на следните генерации на пилоти, додаде Џоана.
Како што соопшти НАТО, со зголемување на бројот на кампуси, каде воздухопловните екипажи ќе имаат пристап до најсовремените можности за тренинг, ќе биде олеснета обуката на пилотите. Се очекува кон иницијативата во текот на годината да се приклучат и уште неколку НАТО сојузници.
Покрај земјава, со договорот за проширување на соработката за обука на пилоти се опфатени и Белгија, Велика Британија, Италија, Германија, Грција, Романија, Турција, Унгарија, Црна Гора, Чешка и Шпанија.
Ново на Сител
-
Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба
-
Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена
-
Македонија ќе се снабдува со гас од Грција од 1 октомври
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Туфегчиќ: Јас бранам потполно невин човек
-
Просечната нето плата во јули 40.961 денар
-
Таравари: Не знам дали е непотизам, но не може да му забраниме на директорот да земе советник
-
Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта