Македонија и гостува на Италија во полуфиналето од мундијалскиот бараж
Македонскиот национален тим за прв пат во својата историја ќе учествува во бараж за Светско фудбалско првенство. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од плејофот ќе играат со Италија на гостински терен. Домаќинот кој е актуелен европски првак е голем фаворит, но „црвено-жолтите“ најавија бескомпромисна борба за секоја топка.
Натпреварот ќе се игра во Палермо вечер со почеток во 20 часот и 45 минути. На трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ најавено е присуство на околу две илјади Македонци.
Победникот од овој меч во финалето ќе оди на гости кај поуспешниот од пресметката Португалија – Турција.
Покрај овие две средби вечер уште играат Шведска – Шкотска и Велс – Австрија.
Средбата Шкотска – Украина е одложена, додека Полска службено ја доби победата против Русија.
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
