Македонија и Украина ќе ја унапредуваат соработката

Има отворени можности за интензивирање и унапредување на соработката меѓу Република Македонија и Украина, за што постои определлба на двете пријателски земји тоа да се случи во скоро време низ повеќе конкретни активности, констатирале на денешната средба во Владата премиерот Зоран Заев и украинската амбасадорка Наталија Задорожњук.
Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот премиерот Заев најави дека ќе иницира до МНР и до Владата комплетно укинување на визите помеѓу двете држави, што ќе овозможи поефикасни економски и трговски односи меѓу двете земји, како и во неколку други области за коишто е утврдено дека има простор за тоа.
Договорено е активирање на работата на Мешовитиот комитет за економски и трговски прашања. Се разговараше за олеснувања меѓу двете земји во областа на земјоделството, за можностите за помош и примена на украинските искуства во областа на гасификацијата и општо енергетиката, коишто се, како што рече премиерот Заев меѓу приоритетните активности на Владата на Република Македонија.
Украинската амбасадорка Задорожњук, пак, соопшти дека Украина може да помогне со својата експертиза и во енергетиката и во инфраструктурни проекти во Македонија. За таа цел, се наведува, премиерот Заев упати покана преку амбасадорката до украинските бизнисмени за посета на Македонија и контакти со бизнис заедницата во нашата држава, како и надеж дека наскоро ќе се оствари официјална посета на Република Македонија од страна на шефот на укариснакта дипломатија Павло Климкин.
- Премиерот Заев и амбасадорката Задорожњук изразија обострана поддршка за аспирациите на Украина и на Република Македонија за членство во Европската унија и во НАТО, што, како што е констатирано дополнително ќе влијае на демократските процеси во државите и стабилноста и безбедноста во земјите. Амбасадорката Наталија Задорожњук на средбата со премиерот Зоран Заев ги поздрави реформите што ги прави Владата и интензивираните добрососедски односи и оцени дека отворените перспективи за Македонија во НАТО и ЕУ ќе значат охрабрување за Украина, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
