-->
-->
Македонија кај Летонија по втора победа во квалификациите за ЕП 2020
-->
Македонската Фудбалската репрезентација вечерва во Рига против Летонија, ќе го игра шестиот натпревар во квалификациите за Еуро 2020.
Со императив „победа“ македонските фудбалери вечерва ќе влезат во шестиот квалификациски меч за ЕУРО 2020-та на гостувањето кај Летонија.
Досега со Летонците имаме одиграно два натпревари и двата во Скопје. Првиот пријателски го одигравме во 2014 година кога славевме со 2-1, а вториот е оној март месец годинава, и тоа на стартот од овие квалификации кога се радувавме на победа со 3-1. Интересен е податокот дека во двата меча, нашите фудбалери со постигнаа авто-гол.
Во мартовската победа, Елиф Елмас, беше стрелец на два гола, а првиот го постигна Алијоски, додека на три минути пред крајот Дарко Велковски си постигна авто-гол.
Но, за вечерашниот дуле во Рига, Елмас е под знак на прашање за настап, по повредата со која сте здоби на вчерашниот тренинг. Неизвесно е дали и колку ќе може да помогне и капитенот Горан пандев кој на мечот против Израел ги одигра само последните 15-тина минути.
Затоа, Ангеловски, најверојатно уште од самиот почеток, ќе им даде шанса на Трајковски и Тричковски .
Натпреварот кој започнува во 20 часит и 45 минути ќе го суди Норвежанецот, Еспен Ескас.
Во истиот термин ќе се играат и другите две средби од оваа група, во кои Полска ја пречекува Австрија, а Словенија е домаќин на Израел.
Во пресрет на новата рунда, Полска е лидер на табелата со 12 бодови, пред Австрија со 9, односно Словенија и Израел кои имаат едеен помалку (8).
Нашата селекција со 5 бодови е на 5.место, а Летонија е последна без освоен бод и со дури 19 примени и само еден постигнат гол (авто-голот на Велковски).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана