Македонија на 56 место според Индексот за човекови слободи за 2019 година
Република Македонија е рангирана на 56. место според Индексот на човекови слободи за 2019 година на американскиот Институт Като, со оценка од 7,34 индексни поени.
Во споредба со минатата година, земјава е рангирана на истото 56. место, но бележи раст на индексот за 0,07 индексни поени (од ланските 7,27 на овогодишните 7,34).
Индексните поени се одредени според 76 индикатори поврзани со личните и економски слободи во повеќе сфери, меѓу кои и владеењето на правото, безбедноста и сигурноста, потоа слободата на движење, на вероисповед, на здружувањето и граѓанското организирање, на изразување и на информирање, како и почитувањето на сопственоста, пристапот до финансиски средства, трговски слободи и регулацијата на работните и деловните односи.
На листата се рангирани вкупно 162 земји од целиот свет оценети со од нула до 10 индексни поени.
На врвот на листата се Нов Зеланд со 8,88 индексни поени, пред Швајцарија (8,82), Хонг Конг (8,81), Канада (8,65), Австралија (8,62), Данска и Луксембург (по 8,56), Финска и Германија (по 8,53) и Ирска (8,52).
На самото дно од 151. до 162. место се Ангола (5,40), ДР Конго (5,36), Етиопија (5,25), Иран (5,10), Алжир (4,99), Либија (4,64), Египет (4,50), Ирак (4,34), Судан (4,32), Јемен (4,30), Венецуела (3,80) и Сирија (3,79).
Меѓу земјите од регионот, најдобро рангирана е Словенија на 35. место со 7,97 индексни поени, Хрватска на 37. (7,86), Албанија на 38. (7,84), Бугарија на 39. (7,79), Црна Гора на 53. (7,43), Босна и Херцеговина на 55. (7,37), Грција на 57. (7,33), Србија на 58. (7,30) и Турција е на 122. (6,21).
Гледано по региони, највисоки индекси на човековите слободи има во Северна Америка, Западна Европа и Источна Азија, а најниски на Блискиот Исток, Северна Африка, Подсахарска Африка и Јужна Азија.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови