Македонија на саемот за туризам во Брисел

Тур-операторот Томас Кук-Белгија ја зајакнува својата соработка со македонските тур-оператори со што Македонија веќе се најде на нивниот продажен каталог за 2016 година.
Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која наредните неколку дена ќе ја промовира Македонија пред белгиските туристи на саемот за туризам во Брисел, од Томас Кук -Белгија велат дека расте и интересот за Македонија од страна и на нивната продажна мрежа во светот.
- Како и секоја година, така и оваа Република Македонија учествува на саемот за туризам во Брисел што претставува значаен придонес како за туризмот, така и за целокупната економија. Ова е можност граѓаните на Белгија да се запознаат со туристичката понуда на Македонија која може да им понуди она што белгијците го немаат, изјави амбасадорот на Македонија во Белгија Лазар Еленовски.
На саемот за туризам во Белгија делегација на Агенцијата одржа состаноци и со најголемите белгиски и европски туристички организации и асоцијации: Асоцијацијата на белгиски туристички организации, Европската асоцијација на туристички агенции и тур оператори и Туристичката организација на Белгија, од кои произлегоа одлични можности за ширење на мрежата на соработници на Македонија во Белгија.
„Salon des Vacances” е најголем саем за туризам во Белгија каде што својата понуда ја изложуваат околу 500 дестинации од светот, а ко-учесници на македонскиот штанд се и ТА Фибула и Бохемиа.
Ново на Сител
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
