Македонија останува лидер во Европа по смртност од корона вирусот
Македонија останува на врвот на смртноста која ја предизвикува коронавирусот.
Вчерашниот биланс од 10 починати е четвртиот најлош во Македонија од почетокот на кризата, откако врвот беше достигнат на почетокот на месецот кога беа регистрирани 15 жртви. Македонија и денеска е прва во Европа со 5 починати на милион жители што е речиси двојно повеќе од втората Молдавија во која вчера смртноста достигнала 2,7 жртви на милион жители. Следи Црна Гора каде вчера се регистрирани 1,9 смртни случаи на милион жители, и БиХ со 1,8 починати на милион жители.
Само од почетокот на јули во Македонија се регистрирани вкупно 129 пациенти кои починале како последица од коронавирусот, што во просек е речиси 6 и пол жртви дневно.
Ваквите бројки покажуваат дека само во 20 дена од јули во Македонија се регистрирани третина од вкупниот број на жртви од вирусот од почетокот на кризата.
Во моментов во земјата како активни се водат 3946 случаи од кои најмногу, 1880 се во главниот град, 300 има во Штип, еден помалку во Тетово.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници