Македонија примена во Европската федерација за минифудбал

Денеска на финалето на Европското првенство во мал фудбал 2017 во Брно, Чешка ќе се сретнат репрезезентациите на Русија и Чешка.
Во рамките на Европското првенство во минифудбал што деновиве се одржува во Брно, се одржа Конгрес на Европската федерација за минифудбал (ЕМФ), организација која го поддржува овој најпопуларен спорт во светот.
Македониската асоцијација, предводена од Петар Томовски е примена во ЕМФ, и сега во друштво на триесетина земји-членки на оваа Федерација.

– Минифудбалот е тип на фудбал кој се разликува во различни градови и земји според вкупниот бројот на играчите и на големината на полето. ЕФМ ги обединува сите. Спорт со најголем потенцијал, може да стане и најголем аматерски спорт, со огромен бизнис- потенцијал – вели Томовски.
Игралиуштето е со димензии 50 на 25 метри, играчи во терен 5+1, се игра со обична топка, аут се избедува со рака, овие детали го издвојуваат минифудбалот од футсалот.
Овој грасрут-спорт поврзува милиони играчи од сите делови на Европа, преку нивното учество во националните лиги за минифудбал и првенства кои се организирани од страна на локални или национални здруженија. Во моментов има 1.100 регистриран терени од ЕМФ, а повеќе од 18.000 се неофицијални што ги прави далеку најбројни во споредба со кој било друг спорт во светот.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
