Македонија со успехот на “ЗА-НЕД-ДО” прва на Балканот

Академијата за боречки вештини “ЗА-НЕД-ДО” од Битола која е официјален претставник при [WFMC] Светскиот совет за боречки спортови и вештини за Република Македонија во периодот од 9-ти до 10-ти Март 2018 година зеде учество на првиот Балкански шампионат кој се одржа во Брчко, Федерација Босна и Херцеговина.
На настанот од големо значење во светот на боречките спортови и вештини Македонија ја претставуваа 23 спортисти кои одбележаа успех со освојување на 34 медали од кои 25 златни, 7 сребрени и 2 бронзени. Доминираа борбите од боречките спортови и вештини особено во Кик Бокс како и демонстрациите во самоодбрана.
На настанот учество зедоа над 400 натпреварувачи од сите земји поранешни членки на Федерацијата Југославија како и Република Словачка и Република Унгарија. Пред почетокот на Балканскиот шампионат од страна на стручниот совет на Светската организација претседателот на истата за Република Македонија, господинот Златко Неделковски беше именуван и за претседател при Светската организација за регионот на Балканот кој брои 12 земји членки.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
